Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

ВО АЕРОДРОМ Е ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, СЕ АПСАТ ЧЛЕНОВИ ОД ГРУПАТА НА РАДЕ ШТЕКЛИ

Фото : Илустрација

Попладнево Штекли беше уапсен во близина на хотел кај Гевгелија поради сомнеж за трговија на дрога. Попладнево во Скопје по наредба на обвинител од ОЈО ГОКК се вршат претреси на повеќе локации.

Според информациите, има повеќе лица кои се лишени од слобода.Голема полициска акција се одвива на повеќе локации во скопската населба Аеродром. Се вршат претреси на повеќе локаци. Специјалци апсат луѓе од криминалната група на наркобосот Раде Трајковски-Штекли.

Штекли беше уапсен попладнево во близина на хотел кај Гевгелија поради сомнеж за трговија на дрога. Тој бил фатен во обид за бегство. Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Тој на јавноста ѝ е познат по пресметките со нарко картелите. Се поврзува со низа кривични дела, а во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ