Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

ВОНРЕДНИ КОНТРОЛИ НА АХВ ПРЕД ВЕЛИГДЕН – УНИШТЕНИ 1.230 КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНИ ПРОИЗВОДИ

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во пресрет на велигденските празници се спроведуваат вонредни засилени контроли. Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата извршиле вкупно 350 надзори на операторите со цел спречување пласман на небезбедна храна, нелегална трговија со јајца бои за јајца во пресрет на велигденските празници.

По направените инспекции, од Агенцијата откриле и уништиле над 1230 килограми производи, од кои најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи.

За утврдените недоследности со вонредните контроли се изречени казни во висина од 3.650 евра во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување. -Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата.

Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните – велат од АХВ.

ОВАА НЕДЕЛА

МАНАСИЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДС ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БЛОКАДИ КОН ЕУ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, СЕГА СЕ ДЕМАНТИРАНИ И ОД ЕУ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Димитар...

ФИЛИПЧЕ: ЗАСТОЈОТ НА ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА Е ГУБЕЊЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОДДРШКА ОД ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната Комисија за...

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ГО ПАМЕТАМ ПО ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ УМ, МУДРОСТ, ТОПЛИНА И ЕДНОСТАВНОСТ

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, изрази сочувство за смртта на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ