ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА, ПРЕЗЕМЕНИ СЕ МЕРКИ, НЕМА ВЕЌЕ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ, НО НЕМА ПРИСТАП НИТУ ЗА МЕДИУМИТЕ

0
565

Инспекторатот на МЗ извршил вонредна инспекција во Клиничката болница во Тетово за да видат дали за пациентите се уште се грижат нивни роднини. Контактирани од ТВ 21, од Инспекторатот ни рекоа накратко дека се уште не се завршени истражните постапки.

„Санитарниот инспекторат во текот на вчерашниот ден изврши вонредна инспекција во клиничката болница во Тетово. Детали ќе изнесеме по завршување на истата.“, велат од инспекторатот на Министерството за здравство.

Некои граѓани кои ги сретнавме рекоа дека не им е дозволено да влезат внатре.

-Порано не сум бил овде. Дојдов да донесам храна, имам внук овде. Не ми дозволија да влезам.

Од Тетовската болница се целосно изолирани. Тие од саботата не сакаат веќе да изнесуваат информации.

„Од Тетовската болница одбиваат да дадат информации за состојбата на пациентите со ковид 19. Побаравме одговор и по акцијата спроведена од Инспекторатот при МЗ за отстранувањето на роднините од оваа болница, но не успеавме во текот на денешниот ден да го контактираме координаторот на ковид центарот.“, јавува репортерот на ТВ21.

За тоа колку сестри се во моментов, никој не сакаше да даде информации. Граѓаните вчера рекоа дека се загрижени за своите најблиски. Неофицијално дознаваме дека 2 од 12 пациенти кои беа спасени од пожарот на 8 септември, веќе се пуштени дома.