Волонтери од Општина Прилеп ќе набавуваат и доставуваат храна, лекови и средства за дезинфекција на стари, болни и изнемоштени граѓани – нова мерка на Општината во справувањето со Коронавирусот

0
852

🔻 Воведовме телефонска линија со број 048/401-700, на која стари, болни, изнемоштени и возрасни лица со хронични заболувања, како и лица со посебни потребни, секој ден од 8 до 18 часот, ќе можат да побараат помош за набавка и достава на намирници за храна, лекови и други средства за лична хигиена и дезифенција.

🔻 Паралелно, работиме на обезбедување бесплатна телефонска линија која ќе биде во функција од утре и објавена во текот на утрешниот ден.

🔻 Акредитирани волонтери од општина Прилеп, опремени со заштитни средства, после телефонскиот повик, ќе ги посетат граѓаните во нивните домови и со средства од граѓаните, ќе ги набават потребните артикли од маркети и аптеки по избор на самите граѓани и ќе ги достават во нивните домови.

🔻 Целта е да ги заштитиме најраливите категори на граѓани од коронавирусот и да се намали можноста да бидат изложени на ризик од заразување и што помалку да излегуваат од нивните домови.

🔴 Апелирам, граѓаните кои не спаѓаат во овие категории, да не ја злоупотребуваат телефонската линијата.

🔴 Истовремено, како градоначалник на општина Прилеп, упатувам апел до сите маркети и маалски продавници од општината, да се подготват за онлајн нарачка и достава на артикли до граѓаните во нивните домови.

🔴 Исто така, апелирам на повисока општестевна одговорност и сакам јавно да ги повикам стопанствениците и бизнисмените од нашиот град, во овие моменти на справување со Коронавирусот, да им излезат во пресрет на социјално-ранливите категории на граѓани, преку донирање на прехрабени артикли и средства за хигиена и дезинфекција

👉 Заштити се себе си, за да ги заштитиш и другите