ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД СМРТОНОСНАТА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ

0
335

Светските медиуми објавија вознемирувачка снимка од надзорна камера на која се гледа локацијата и моментот на смртоносната експлозија во Истанбул.
Иако веднаш по експлозијата почнаа да се шират гласини дека бомбаш-самоубиец е одговорен за експлозијата, според последните неофицијални информации експлодирала чанта оставена на авенијата Истиклал.

Улицата во моментот на експлозијата била полна со туристи и локални жители. Најмалку шест лица загинаа во нападот, а 53 се ранети.
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека првите информации укажуваат на терористички напад.

Предупредуваме дека видео-снимката е со вознемирувачка содржина.