Фото : Илустрација
На 01.11.2024 година во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп, на превојот Барбарос се случила сообраќајна несреќа.
Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.