Friday, February 14, 2025
5.8 C
Skopje

ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА ПРЕГАЗИ МЛАДАТА ХРИСТИНА НА ,,ПАРТИЗАНСКА” БИЛ ВО ПРИТВОР ЗА ДРОГА, НО СУДОТ ГО ОСЛОБОДИЛ И ГО ПРАТИЛ ВО ПОПРАВЕН ДОМ, ГО ТРЕТИРАЛЕ КАКО ПОМЛАД ПОЛНОЛЕТНИК!

Се огласи обвинителството по објавата во некои медиуми во врска со претходни дела на 20-годишниот возач, осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

Оттаму појаснуваат дека Обвинителството поднело обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор, која по предлог на Обвинителството била определена од самиот почеток на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник. Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“ се вели во соопштението на обвинителството.

Претходно од обвинителството беше објавено дека младиот возач возел без возачка дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

РАКУНИ СЕ СЕКСААТ НА КРОВ ОД КОЛА

Луди работи се случуваат на платформата ,,Х". Објавено е...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ