ВМРО-Народна: Заев зборуваше храбро за македонската историја, ВМРО ДПМНЕ продолжува да лута кон Белград и Москва!

0
666

Во врска со вчерашнто интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС, ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја.

Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требала да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално да ни го соопштил.

„Сите работи што ги зборуваше г-динот Заев согласно со објективната историја и согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Посебно ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со истата држава“, наведува партијата на Георгиевски.