ВМРО ЛАЖНИ ВЕСТИ ПУШТЕНИ НА НАЈЈАКО : ВМРОВЦИТЕ ИЗМИСЛИЈА УВОЗ НА ОТРОВЕН ОТПАД УВЕЗЕН ВО ЗЕМЈАВА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ЦАРИНА, ПА ОВА Е НЕВЕРОЈАТНО!

0
918

РЕАКЦИЈА ОД ЦАРИНСКА УПРАВА ВО ВРСКА СО ПИШУВАЊАТА НА ВМРО ДПМНЕ ЗА УВОЗ НА ОТРОВЕН ОТПАД

Во насока на објективно и вистинито информирање на јавноста, Царинската управа информира дека нафтениот кокс е слободен за увоз, односно не подлежи на мерки за трговска политика.

Изречените тврдења дека во Република Северна Македонија се увезува кокс кој содржи 18% сулфур, категорично тврдиме дека се неточни, согласно сертификатите за квалитет кои се приложени  при увоз на коксот.

Што се однесува до увозот на отпад, Царинската управа потврдува дека не станува збор за неконтролиран и нелегален увоз на отпад.

Царинската управа, кога се работи за постапки кои се однесуваат на легислатива во надлежност на други институции, ги применува насоките добиени од институциите во чија основна надлежност се законите кои се применуваат. За правилно спроведување на нетарифните мерки повеќе надлежни институции согласно пооделни закони имаат надлежност да издаваат дозволи, одобренија или согласности за соодветната царинска постапка.

Царинската управа дозволува увоз на отпад единствено со дозвола за увоз издадаена од надлежната институција- МЖСПП.