Од владејачката партија изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до антикорупциска за претседателот на СДСМ, кој според нив продолжува да молчи пред фактите. Според нив Венко Филипче како министер за здравство криел имот. Имотот што го поседувал како министер го пријавил како пратеник оваа година. Па од таму прашуваат, што пријавил Венко Филипче како министер за здравство?
Прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година. Второ, стан од 130 метри квадратни кој го стекнал како подарок во 2016 година. Трето, на име заеднички имот пријавил стан од 50 метри квадратни метри во Скопје стекнат со договор за купопродажба во 2010 година, се вели во соопштението на владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМм, Венко Филипче како избран пратеник на изборите во мај 2024 година голем дел од имотот не го пријавил до антикорупциска комисија. Како што велат од таму, прво, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година – не го пријавил кога бил министер, а го имал. Второ, не пријавил стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година – кој исто така не е пријавен уште од времето кога бил министер за здравство, а го имал. Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати на основ на договор за градба во 2017 година – не се пријавени кога бил министер, а ги имал. Четврто, стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба – не е пријавен кога бил министер, а го имал.
Кога Венко Филипче молчи, ВМРО-ДПМНЕ согласно законските надлежности ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција. Дополнително ќе поднесеме копија од електронски извод на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година. Од анкетни листови се гледа дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до институциите да постапат по овие јавно изнесени информации околу непријавениот имот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кои требало да бидат веќе во рацете на антикорупциска но не се, а постапката владејачката партија треба да биде навремена и транспарентна.