Thursday, January 23, 2025
2.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : ЧУПЕСКА ЈА ДОБИЛА НАЈДОЛНАТА ЗАДАЧА ДА ГО БРАНИ НЕОДБРАНЛИВОТО, ДА БИДЕ АДВОКАТ НА СУДСКО ПОЛИТИЧКАТА И БИЗНИС МАФИЈА КОЈА ЈА УНИШТИ МАКЕДОНИЈА

РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА АНА ЧУПЕСКА

Ново назначената потпретседателка на СДС, Ана Чупеска која како универзитетски професор треба да биде коректив и да дава конструктивни и издржани насоки за подобрување на општествените состојби, a таа се стави во функција на пропаднатата партија.

Чупеска и останатите во СДС треба да знаат дека партијата не можат да ја вратат во живот со штури напади и излитени и веќе слушнати фрази кон власта.

Чупеска и останатите потрчковци на Зоран Заев во СДС, треба да знаат дека партијата е таму каде што е, поради практикувањето на власта на старо-новите партиски челници и доведување на Македонија подредена состојба и во економски, општествен и морален хаос.

Чупеска се става во одбрана на неодбранливите политики на владеењето на СДС кои ја уништија и деградираа државата и институциите.

Кој ќе и верува на Ана Чупеска дека ќе работи и ќе придонесе за општото добро, кога како ново поставена потпретседателка на СДС се стави во функција на одбрана на судско политичката и бизнис мафија на чие чело се кланот на Заеви.

Политиките и седум годишното владеење на СДС, кое што Чупеска го брани и промовира, од државата расели стотици илјади македонски граѓани.

Како Чупеска ќе излезе пред граѓаните, а и пред чесните членови на СДС, да ја бара довербата и да нуди решенија за подобрување на состојбите кога таа, сега брани уништено судство со 2% доверба?

Штета е што, како универзитетски професор, Ана Чупеска ја добила најдолната задача да го брани неодбранливото и со тоа да се стави во одбрана, како адвокат на судско политичката и бизнис мафија која ја уништи Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

ТОШКОВСКИ: НЕМАМЕ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ Е ГРУБИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во...

ПОРАДИ ТЕШКА И ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАТВОРЕНА Е СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

Поради сообраќајна несреќа пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци,...

ТРАМП ГО ПОМИЛУВА ОСНОВАЧОТ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ДРОГА „СИЛК РОУД“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ