Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: ФИЛИПЧЕ НЕ ЧУВСТВУВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ОНКОЛОГИЈА И НЕ МУ Е ГРИЖА ЗА ГРАЃАНИТЕ, ВАЖНО МУ Е САМО ДА СЕ ФАКТОРИЗИРА НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ЗА ДА МУ ТЕЧАТ БИЗНИСИТЕ СО ЗАЕВ

Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и не чувствува одговорност за Онкологија.

Венко Филипче не се грижи што беше најлошиот министер за здравство. Филипче не се грижи што додека бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра.

На Филипче не му е грижа што онколошката терапија не се давала на пациенти, дека се крадела, па дури и завршувала на црниот пазар во Косово.

Филипче не чувствува одговорност што илјадници граѓани директно или индиректно беа засегнати со случајот Онкологија и ги изгубија своите блиски и трпеа штети.

На Филипче не му е грижа и не чувствува одговорност што дозволи здравствениот систем да се распадне.

Филипче не чувствува одговорност што поради него и СДС се случи крах на македонското здравство, кој доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

На Филипче му е важно единствено како да се факторизира на политичката сцена, за повторно да местат тендери во четири очи, да течат провизии, и да прават зделки со Заев.

Филипче и СДС треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем.

СДС е синоним за корупција криминал и предавства.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ