ВМРО-ДПМНЕ : ФИЛИПЧЕ И СЛАВЈАНКА ПРЕДРЕМАА 7 ГОДИШНА БРУТАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА ОД ДУИ, А СЕГА КОГА СЕ ВО ТРКА ЗА ПРОПАДНАТАТА СДСМ СЕ РАЗБУДИЈА И РЕАГИРААТ ЗОШТО ДУИ ПОДДРЖАЛА ЗАКОН ЗА ВЛАДА ВО КОЈА НЕ УЧЕСТВУВААТ

0
188

Од партијата која на тацна ја даде Македонија кога ги силуваа институциите и ограбуваа не кажаа ниту збор.

И кога секогаш ќе поддржеа нешто од СДС, овие испорачуваа плус 10 пати повеќе.

Во нормална држава Филипче би се срамел од дома да излезе. Jасно е дека се тепа да стане претседател на СДС зашто мисли дека тоа ќе го спаси од одговорност зашто тој и неговиот духовен водач Зоран Заев така функционирале.

Но се ќе излезе на видела. Македонија не заборава, народот памети.

Што се однесува до Славјанка, немаме што да кажеме освен дека е безлична личност во македонската политика. Дури и на ниво на декор е безлична и без никаква суштина. Како оние празни вазни во трговски центри кои ги гледаме дека се тука внимаваме да не се удриме во нив, а кога ќе се запрашаме што бараат тука, сфаќаме дека немале кај да ги стават и оставени се така празни.

Венко и Славјанка се клучен дел за поразот на СДС и нивниот поданички однос кон Заев и Ковачески ги донесе СДС до ова дереже до кое се денес.

ВМРО-ДПМНЕ своето прво ветување го исполни. ДУИ е во опозиција. Со се нивните потрчковци од СДС.

Следува одговорност за сите. Смирете се и без нервози.