Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : ФИЛИПЧЕ Е СИНОНИМ ЗА СМРТ, ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ЖИВИ МУ ИЗГОРЕА 14 ЛУЃЕ, ОД КОРОНА СКОРО 10.000, А НА ОНКОЛОГИЈА МЕСТО ЛЕК МУ ДАВАЛЕ РАСТВОР

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДС


СДС не бира средства за собирање политички поени, искористувајќи и немили настани за загуба на најмлади животи.

Ако во државата има некој кој што е симбол за смрт во здравството, тоа е токму лидерот на СДС, Венко Филипче.

СДС не треба да заборави дека нивниот лидер долги години беше министер за здравство и ако некој е виновен за состојбите во здравството, тогаш тој е лично Венко Филипче.

Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери, од лековите за Онкологија кои ги продаваа на црниот пазар а на пациентите им даваа физиолошки раствор, од вакцините за корона вирусот и така натаму.

За време на министерувањето на Филипче со здравство, Македонија беше на врвот на европските и светски листи по смртност. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.

Филипче е министер на кого во државна болница, под негова надлежност, во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, а одговорност за тоа како и за сите останати трагични настани, немаше.

Наместо да одговара за сите погоре споменати случаеви, Филипче сега се устоличи во претседател на СДС и продава приказни за морал, играјќи на картата на кратка меморија.

Граѓаните паметат и многу добро знаат кој е најодговорен за состојбите во здравството.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ