Tuesday, March 18, 2025
2.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: ФИЛИПЧЕ Е САМО КОНТИНУИТЕТ НА ЛОШИТЕ ПОЛИТИКИ НА ЗАЕВ ЗА КОИ И САМИОТ ТВРДИ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРОДОЛЖИ

Венко Филипче не само што не се огради и дистанцира од политиките на Заев туку тој самиот признава дека сака да биде како Заев.

Венко Филипче е продолжена рака на Заев и континуитет во катастрофалните политики на Заев.

Политиките на Филипче не се ништо друго освен „како и до сега“, како што и самиот тврди „Ние водевме добри политики“.

За Филипче добри политики се политики хаосот во здравството што го направија, креирањето на криминалните шеми на Онкологија од кои профити имаа Филипче и блиските до него.

Филипче ги смета за добри политики и практики тоа што ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар.

За Филипче добри политики се тоа што се договараа тендери во четири очи.

За Филипче добри политики се тоа што СДС дозволи корупцијата да навлезе во секоја пора во општеството а криминалот енормно да се прошири.

За Филипче добри политики се тоа што СДС ги остави учениците без учебници студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производството.

Филипче нема идеи, визија и стратегија за развој и унапредување на државата освен да ги копира лошите политиките на Заев кои го уништија животниот стандард на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ ПОБЛИСКУ ДО МИРОВЕН ДОГОВОР, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌА

Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ