Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: ФИЛИПЧЕ Е ДОСЛЕДЕН НА ЗАЕВ И ВО ПРЕДАВСТВАТА, ДАЛИ ФИЛИПЧЕ Е НА ИСТ СТАВ И ЛИНИЈА СО ЗАЕВ КОЈ ТВРДЕШЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ СЕ ИСТ НАРОД А МАКЕДОНСКИОТ И БУГАРСКИОТ ЈАЗИК СЕ ИСТИ?

Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија.

Дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти?

Филипче е доследен на Заев и во предавствата, нема значаен настан и момент во историјата, а СДС да не ги поткопа државните интереси и да го наруши достоинството на народот.

СДС отсекогаш во историјата била на погрешната страна на настаните.  СДС никогаш немала црвени линии кога станува збор за државните интереси.

Нема значаен настан и датум во македонската историјата а СДС да не ги поткопа националните интереси и да го нарушила достоинството на македонскиот народ.

Предавствата, виткањето кичма и коленичењето се синоним за СДС додека малкумина блиски до врхушката на СДС преку ноќ дебело профитирааат.

Попустливоста и предавството се синоними и за Филипче кој е бледа копија и чувар на столчето на Заев во СДС.

Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето, Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав. За Филипче, Заев и СДС нема црвени линии има само лукративен интерес.

Филипче исто како и Заев е попустлив и витка кичма во однос на уставните измени и внесување на Бугарите во уставот.

На Филипче не му е важно достоинството на македонските граѓани и државата. Единствено нешто за што се грижи Филипче е спроведување на насоките на Заев и тоа како да дојде на власт со цел повторно да местат тендери во четири очи и фамилијарните бизниси да течат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за националните интереси и достоинството на македонскиот народ.

СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ