Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: ФИЛИПЧЕ ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА КАЖЕ ДАЛИ СДС СМЕНИ КУРС И СТАНА АНТИАМЕРИКАНСКА ПАРТИЈА И ДАЛИ СТОИ ЗАД НАВРЕДИТЕ НА САШО ОРДАНОВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП?

Апологетите на СДС и Венко Филипче пуштени на најјако.

Во отсуство на идеи и немање на јасни политики за дејствување, СДС преку нивните т.н. експерти и новинари шират невидена хистерија, критики и навреди.

И не само што критикуваат се што во државата прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сега се впуштија и во критикување и навредување на нашиот стратешки партнер САД.

Еден од истурените мегафони на СДС, многу близок и човек кој важи за советник Венко Филипче, Сашо Орданоски јавно во гостување на национална телевизија со најбрутални критики и навреди го нападна американскиот претседател, Доналд Трамп.

Во истоименото интервју, Ордановски си зема за право не само да ги критикува политиките на актуелниот американски претседател, туку и со погрдни зборови да го навредува.

Тој, претседателот Трамп го нарече лажго, рекетар и необразован човек, додека луѓето од неговиот најтесен круг на соработници ги нарече расисти и неонацисти.

Орданоски е човек кој од уста не ги вадеше американските демократски вредности, сега наеднаш сврти курс и од устата почна да сее само омраза за таа демократија.

Затоа прашуваме, дали Венко Филипче преку неговиот гласноговорник, Сашо Орданоски ја нарече американската политика неонацистичка?

Дали Венко Филипче се крие позади мегафонот на СДС, Сашо Орданоски кој го пушта по национални телевизии за да го напаѓа претседателот Трамп?

Дали со ова последна постапка СДС и Венко Филипче ја официјализираа коалицијата со Левица и тргнаа по нивен памет, па сменија курс и станаа антизападна и антиамериканска партија?

Ова покажува дека СДС и Венко Филипче се во многу очајна ситуација.

Повикуваме, Филипче да излезе јавно и лично да каже дали стои позади тоа што го кажа Орданоски или ако не стои и не го поддржува кажаното од Орданоски, да се извини и да се откаже од него.

Се друго ќе се смета како прифаќање и поддржување на кажаното од неговиот апологет, затоа што од Орданоски и неговите изјави се оградија и телевизијата во која гостуваше, а истите ги осудија и бројни новинари и новинарски здруженија.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

МИЦКОСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ: ПОЛИТИЧКИТЕ ГЛОДАРИ СЕ ОБИДУВААТ ПРЕКУ ТРАГЕДИИ ДА ДОБИЈАТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ