Почесниот конзул на Македонија во Барселона, Марио Деус, е уапсен во Јужна Африка како осомничен за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци, објавија шпанските медиуми.
Според информациите од полицијата во Јужна Африка, мајката на децата која била шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун, соопшти портпаролот на полицијата Андре Траут.
Кога мајката пристигнала во семејната вила, осомничениот убиец избегал со нејзиниот автомобил, но подоцна бил уапсен во Кејп Таун.