Wednesday, March 19, 2025
-3.2 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: ТРЕНДАФИЛОВ РАБОТИ НА ШТЕТА НА РАБОТНИЦИТЕ, ГИ КОРИСТИ ЗА СВОИ ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ И ДА ОДРАБОТУВА ЗА СДС

Портпаролот на СДС и претседателот на ССМ, Трендафилов очајнички продолжува да работи стриктно во интерес на опозицијата, а не на работникот.

Благодарeние на СДС тој стана нелегално претседател на ССМ, молчеше додека тие беа на власт и додека граѓаните живееја со 150 денари на ден, а сега како на дугме се појавува во јавноста и ја напаѓа власта неаргументирано.

Тој е единствениот синдикалец на кого му штети покачувањето на платите. Само тој и СДС се против зголемување на платите, односно се докажува дека се координирани.

Неговите илузорни барања кои не се поткрепени со анализи и се неаргументирани, туку се воедначени со барањата на СДС, се далеку од реалноста и затоа Трендафилов продолжува да ги пренесува интересите на СДС како нивен портпарол.

Трендафилов треба да одговори дали сам си ја зголемил платата над 1000 евра и дали секој месец троши над 30 илјади денари за службено возило на релација Велес кон Скопје? Дали лицемерноста на Трендафилов е иста како и на СДС?

Портпаролот на СДС Трендафилов, воопшто не знае како е да се биде работник во државата, ниту пак знае како е да се биде во нивна кожа. Него го интересираат само политичките игри сервирани од Бихаќка.

Заврши времето на како до сега, Трендафилов да се соземе.

ОВАА НЕДЕЛА

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОЧНАЛЕ САМОСТОЈНО ДА ДИШАТ

Четворица министри од Бугарија и од Северна Македонија ја...

ВО БУГАРИЈА КРВ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СЕ ДАРУВА И ВО ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА АКАДЕМИЈА (ВМА)

Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ