ВМРО-ДПМНЕ : ТОА ШТО ТОКМУ СЕГА ОДЛУЧУВААТ КОМПАНИИТЕ ДА ИНВЕСТИРААТ Е ДОКАЗ ДЕКА ТИЕ НЕМАЛЕ ТАКВА ОДЛУКА ЗАТОА ШТО СИ ИМАЛЕ РАБОТА ВО МИНАТОТО СО КОРУМПИРАНА И КРИМИНАЛНА ВЛАДА

0
80

Од време на СДС државата наследи јавен долг за 2023, 62 отсто од БДП, буџетскиот дефицит 4,9 отсто, има пад на индустриско производство, распаднато здравство и образование, операциони сали надвор од функција, сиромаштија највисока во Европа. Инфлација највисока во регионот и Европа, 600 илјади луѓе живеат со 160 денари дневно.

Тоа од СДС наследивме. Тоа што токму сега одлучуваат компаниите да инвестираат е доказ дека и покрај нивното подолго испитување на пазарот и можностите за инвестиција тие сепак во време на СДС и ДУИ, а што ВМРО-ДПМНЕ и неговата коалиција е најдобар одговор на овие трагични соопштенија на СДС пишувани неписмено од лица кои се на платен список на двоецот Заев – Филипче.

Компанијата „Wabtek“ никој не кажа дека не инвестирале до сега, но воедно неспорна е новата инвестиција. Во продолжение СДС нека си ја погледнат изјавата на извршниот директор на компанијата. Знаеме дека СДС мисли дека светот почнува од нив, но реалноста е дека ова не е непостоечка инвестиција како таа за автомобили во Тетово.