Tuesday, June 17, 2025
24.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО, КОЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОВОЗМОЖИ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС ВО ВРЕДНОСТ ОД ОКОЛУ ШЕСТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Македонија испишува историја, се врти нова страница на меѓународната сцена и во билатералните односи со државите.

Македонија, предводена од премиерот, Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, полека но сигурно достоинствено се враќа на меѓународната сцена и гради партнерски односи со силни и влијателни земји.

Македонија ги враќа добрите односи и ја зацврстува билатералната соработка со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Македонската Влада и владата на Обединетото Кралство постигнаа согласност за стратешко партнерство.

Потпишувањето на Заедничката декларација, претставува чест и привилегија за државата, затоа што Македонија е една ретките земји со кои Обединетото Кралство склучило таков договор од највисок степен на меѓусебна соработка.

Стратешките договори меѓу земјите претставува највисок чин на меѓусебна доверба и нивна билатерална соработка.

Па така, овој стратешки договор со Обединетото Кралство ќе ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот.

Меѓу пријателските односи на двете земји, овој договор ќе претставува ново поглавје  и ќе биде клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.

Договорот, исто така, ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од пет милијарди фунти, или околу шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството.

Македонија конечно има Влада која работи во интерес на државата и во корист на граѓаните, позиционирајќи се како сериозен и стабилен партнер во евро-атлантската заедница.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ