Ако утре се одржат избори, на гласање би излегле две третини од граѓаните, покажува истражувањето што го објави порталот МКД, спроведено во периодот од 20 март до 17 април од агенцијата Маркет Вижн.
Според ова истражување, 51,7 од испитаниците кои се изјасниле дека ќе излезат на гласање рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 10,9 отсто за СДСМ, 6,4 отсто за Левица, 5.09 отсто за ЗНАМ…
Што се однесува до партиите од албанскиот блок, за ДУИ се изјасниле 12,1 отсто, за Алијанса на Арбен Таравари 5,8 отсто, за Демократско движење на Изет Меџити 3,6 отсто, за БЕСА 2,6 отсто, за Алтернатива 1,09 отсто.
Тоа значи дека коалицијата ВЛЕН би има(ла) поголема поддршка од ДУИ за околу еден процент, но таквата ситуација се менува откако Таравари излезе од коалицијата и најави самостоен изборен настап.
Во врска со рејтинзите на политичките лидери, на прво место е премиерот Христијан Мицкоски со 25,4 отсто, додека Венко Филипче има 3,8 отсто, Димитар Апасиев има 2,7 отсто, Максим Димитриевски има 2,4 отсто, Али Ахмети има 6,2 отсто, Арбен Таравари има 3,8 отсто, Изет Меџити има 2,1 отсто итн.
Инаку, ова истражување покажало дека македонските граѓани сметаат дека најважниот проблем со кој се соочува Македонија се економските фактори, нивото на приходи и растот на цените, а криминалот и корупцијата се на второто место.