Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : СО РАЗВОЈНИОТ БУЏЕТ ЗА 2025 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ЗАБРЗАНА ЕКОНОМСКА ФИНАНСИСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која посветено и домаќински работи на забрзана економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија.

Идната 2025 ќе биде развојна година со многу капитални инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба за граѓаните.

За таа цел, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подготви развоен буџет, кој ќе ја поддржи и обезбеди раст на македонската економија од 3,7%.

Во буџетот 2025 година се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега, додека растот на приходите од царини ќе биде 20%, нешто што ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е можно со напорно и домаќинско работење со преземањето на власта.

Освен зголемувањето на приходите, Владата ќе ги намали и расходи, така што во делот на буџетската ставка набавка на стоки и услуги, следи намалување од 0.5%.

Со вака зголемените приходи и намалени трошоци, во буџетот ќе останат повеќе пари кои што ќе завршат директно кај граѓаните.

Токму затоа, буџетот за 2025 година вклучува и социјална компонента со која се предвидува зголемување на приходите на сите граѓани, така што ќе има покачување на платите и пензиите.

Со буџетот за следната година ќе следи и ново покачување на платите на наставниците и образовните работници од основното до високото образование.

Исто така, покачување на платите ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и македонската полиција, а ќе следи и второто линеарно покачување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери.

Сето ова говори дека 2025 година ќе биде развојна година со многу инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба на граѓаните, а за тоа ќе придонесат и осумте нови странски инвестиции кои владата веќе ги договори.

Забрзаната економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија веќе започна, а на тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ