Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ СО ПОДДРШКА НА КАНАЛ 5, БАРА КОВАЧЕВСКИ ИТНО ДА СЕ ИЗВИНИ

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите со лажни обвинувања на владиниот советник Исмет Рамадани и обидите за загушување на слободата на говор изразени на емисијата „Само Вистина” на Канал 5.

„Владата и Ковачевски треба под итно да се извинат и оградат од ставовите на својот советник.Во спротивно овој атак треба да се смета како смислено сценарио и позиции на владата. Не е прв пат првенци на владата да застапуваат ксенофобични ставови и да изразувааат непочит кон медиумите.

Секогаш кога немаат аргументи од власта одбрамбениот механизам се лажните обвинувања и лепењето на етикети дека некој прави атак врз Албанците.
Да не се заборави дека власта има селективен однос кон медиумите, делејќи етикети, премиерот и неговите луѓе да се конфронтираат со новинари и притоа да се не оградат од ваквите пoстапки.
Власта во заминување губи контрола и тоне во сопствената неспособност.

Исто така, и Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на Канал 5 со кој, како што велат „неосновано, неаргументирано и клеветнички грубо го нападна новинарот Александар Видиновски со што директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот“.

„Исмет Рамадани, во недостаток на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ослободување од кривична одговорност, манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа“, соопшти Демократскиот сојуз.

Од таму бараат Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на Канал 5, како и на јавноста

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ