Wednesday, June 18, 2025
24.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИЗЗЕМАЊЕТО НА ФИЛИПЧЕ ОД СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА, СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ УШТЕ ЕДНАШ ПОКАЖАА КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИ И ПОДАНИЧКИ ОДНОС КОН СДС

За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос кон СДС.

Наместо да го судат и гонат криминалот и сите засегнати да ги изведат пред лицето на правдата, тие спасуваат од обвиненија или од пресуди луѓе од највисокото раководство на СДС.

После пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време се случија двата немили настани, се спасува од одговорност.

Скандалот со Онкологија, кога на клиниката се правел криминал од тешки размери по буџетот и здравјето и животот на луѓето, се случува во време кога Филипче е министер за здравство.

Со случајот на Онкологија, кога Филипче е министер, Буџетот е оштетен за износ од над 2,2 милијарди денари.

Но, Венко Филипче повторно, ни во овој случај, исто како за Модуларната во Тетово, не е вклучен ни во истражна, ниту во судска постапка, односно во кривичното обвинение.

Затоа, легитимно го поставуваме прашањето, дали Филипче има некаков договор со поединци од судската или обвинителската фела, да не биде изземен од одговорност и да не биде повикан ниту на разговор?

Го повикуваме Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, а не да го изземаат од случаевите настанати во негов министерски мандат.

Се ова покажува дека Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои СДС со ДУИ ги бираа по партиска директива од Муртино и Зајас, затоа што тој не беше вклучен ниту во процесот за Модуларната, ниту за Стабри вакцините, ниту, пак, за крвавите тендери.

ЈО мора итно да ја истражи проневерата од 2,2 милијарди денари во Онкологија, немањето терапија за најтешко болните пациенти од рак и набавките на скапи лекови од компанија блиска до Филипче.

Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ