Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ СО ЖЕЖОК ШАМАР МУ ВРАТИЈА НА ВЕНКО: ОТКАКО СДС НА ВЛАСТ НИШТО НЕ ИЗГРАДИ, СЕГА НА ФИЛИПЧЕ МУ СМЕТА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦИ, ПАТИШТА, УЧИЛИШТА, ГРАДИНКИ

РЕАКЦИЈА НА ИНТЕРВЈУТО НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НА КАНАЛ 5

СДС е партија која живее во периодот на едноумието, впрочем чиишто и наследни се.

Очигледно Филипче не знае дека и во комунизмот се излегуваше на избори, но изборот беше само еден, Комунистичката партија, исто како и внатре партиските избори во СДС, со кандидат само Венко Филипче.

Толку е тоа што треба да се знае за внатре партиската демократија во СДС.

Да имаа СДС план како да ја водат државата немаше Македонија да ја донесат до ќорсокак, потпишувајќи предавнички договори на штета на државата и против волјата на граѓаните.

Народот на големо ја виде ароганцијата и малограѓанштината меѓу редовите на СДС додека беше на власт, почнувајќи од бифтеците на Маричиќ до ароганцијата кон граѓаните на Шилегов и за тоа одговорот од граѓаните го добија на изборите.

За реформите во правосудството Филипче најмалку има кредибилитет да зборува, кога тој уште е под директно влијание на неговиот верен другар, Зоран Заев кој, кога беше премиер, се стави за претседател на телото за судски реформи.

Владата на СДС, во која дел беше и Венко Филипче, се тие коишто благодарение на нивните несоодветни економски политики, како и на уништувањето на енергетскиот сектор донесоа голема скапотија, зголемување на цената на струјата и на прехранбените производи кои го срозија стандардот на граѓаните.

Филипче е толку очаен и изгубен во просторот што сега му смета и вложувањето и реализацијата на капитални инвестиции и изградбата на улици, патишта, училишта и градинки, откако седум години на власт СДС ништо не изгради.

А, за лидерство Венко Филипче може само да сонува, кога сите знаат дека Филипче на чело на СДС го постави Зоран Заев и тој е под негова лична команда.

Сакале СДС и Венко Филипче или не Македонија ќе се напредува, економијата ќе се развива, а пријателството со нашите стратешки пријатели како со САД, така и со Европската Унија ќе се зацврстува.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ