Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : СЛЕПИОТ ПОСЛУШНИК И ПОТРЧКО НА ЗАЕВ СЕГА НА УСЛУГА НА ФИЛИПЧЕ, АВРАМОВСКА МАДИЌ ГИ ИЗГОТВИ СЛАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА КЗ ЗА СПАС НА КРИМИНАЛЦИТЕ ОД СДС И ДУИ

Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев.

Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС, каде што на чело на партијата е ставен Венко Филипче, неврохирургот на Заев со неговите 40 потрчковци.

Новите членови на нивниот Централен одбор, всушност се стари лица, добро познати на македонската јавност и се директно под команда на Заев.

Викторија Аврамовска Мадиќ е дел од 40-те потрчковци на неврохирургот на Заев, Филипче не може да биде ново лице на СДС, затоа што во изминатиот период на нивно владеење беше на клучни државни и партиски функции.

Како заменик министер за правда, Аврамовска Мадиќ е таа којашто ги осмисли и ги донесе во владата на СДС измените на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот за злоупотреба на службената положба.

Со измените на овој закон, зад кои директно стои Аврамовска Мадиќ, се амнестираа и не понесоа кривична одговорност голем дел од криминалците на СДС и ДУИ.

Аврамовска Мадиќ самата јавно призна дека предлагач на измените на Кривичниот закон, со кој се спасија од прогон криминалците на СДС и ДУИ, е Министерството за правда, каде што таа била заменик и дека по нејзин налог, измените ги искуцала дактилографката од нејзиниот кабинет.

Ова е само потврда дека Аврамовска Мадиќ не може да биде ни новото, ниту пак позитивно лице на СДС. Таа е потрчко и слеп послушник на наредбите на Зоран Заев и затоа е поставена и во новиот состав на партискиот Централен одбор.

Со ликови на неврохирургот на Заев, Венко Филипче и неговите 40 потрчковци меѓу кои се Викторија Аврамовска Мадиќ и Фани Каранфилова Пановска СДС дополнително ќе тоне.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ