ВМРО-ДПМНЕ СЕ РАСПУКА ПО СИТЕ ШЕВОВИ : БРАЌАТА ТОПАЛ ОД ОХРИД ФИЗИЧКИ ГО ДИСЦИПЛИНИРАЛЕ ОК НА ВМРО ДПМНЕ ВО ОХРИД!

0
3443

Бурен состанок имало вечера вечер во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, на кој бил присутен и генералниот секретар на партијата, Кристијан Мицкоски, и локалниотр врв на партијата од Охрид.

Според извори од партијата, кавгата ја направиле двајца браќа од Охрид С.Т. и Г.Т, со мошне сомнителен личен бекграунд, но кои се претставуваат како големи патриоти и изворни, односно за партијата заслужни вмровци од кој едниот подолг временски период беше предводник на протестите!

Кавгата, се случила меѓу двајцата браќа и секретарот на општинскиот комитет,  Климент Софкоски.

На состанокот били актуелниот претседател на општинскиот комитет Љубен Арнаудов, кој е и пратеник во Собранието, до скоро и директор на Општата болница во Охрид.

На состанокот кој бил со цел да се одлучи  за потенцијалните кандидати за иден градоначалник на Охрид, а браќата-предизвикувачи на инцидентот, биле категорични дека таа шанса уште еднаш, во никој случај, не смее да му се даде на актуелниот градоначалник Никола Бакрачески, кој две години наназад е на мета како на бизнис крилото во ВМРО ДПМНЕ , така и на мета на подземјето кое и го донесе на градоначалничката функција .

Наводно според извор од ОК на ВМРО ДПМНЕ не биле задоволни од неговата работа, но има информации дека едниот од браќата, вработен во општинско јавно претпријатие, наводно, вршел притисок кај Бакрачевски  да биде префрлен во службите на општината,нешто што Бакрачевски наводно му го ветил но не го остварувал?!

Пред два дена, на еден од порталите кои се сметаат блиски до локалната власт, осамна информација дека Комитетот вегетира подолго време паднат во кома, дека во него пенетрирале реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, кои често престојувале во Охрид и остварувале контакти со луѓе од партијата кои се занимавале со приватни бизниси и со функционери од понизок ранг.

Петар Богојески на Фејсбук напишал дека Охрид е спасен, што предизвикало прашања кај многу членови на партијата и граѓаните на Охрид кои меѓусебе си ја препраќале пораката.

Истиот портал пишуваше дека раководството на комитетот е скарано со сите медиуми во Охрид, а Богојески активно се вклучил во теренската активност, па дури правел напори да се сретне со сопственици на медиуми од Охрид,што не е точно ,отсвем ако за медиум го смета едниот портал кој е близок на Бакрачевски.

Извор : ОхридСкај