ВМРО ДПМНЕ СЕ ПРЕТЕРА СО ЦРНАТА ПРОПАГАНДА ПРОТИВ ЗАЕВ – НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ВРИЈАТ КЛЕТВИ И ПОВИЦИ ЗА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ДА БИЛ УБИЕН, ПРЕТЕПАН, УМРЕН…

0
340

Само под еден пост на порталот Фокус на соц мрежата фејсбук може да се прочитаат стотина повици премиерот Заев да бил убиен, умрен, претепан, просто е неверојатно нивото на омраза со која се опсипува лидерот на СДСМ од членовите на ВМРО ДПМНЕ.

Секојдневните лажни вести и лажни обвинувања на негова сметка, хајката и црната пропаганда против него од ВМРО ДПМНЕ и нивните медиски слуги дава страшни резултати, рејтингот на Заев не се намалува но тие што веќе не го сакаат со оваа пропаганда само повеќе и повеќе го мразат до нивото да му посакуваат смрт и повикуваат за негово убиство, уверени во лагите дека тој ќе го уништува македонскиот народ, дека е криминалец, дека краде, дека е предавник итн итн…