Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ГРИЖИ И ГИ РЕАЛИЗИРА ВЕТУВАЊАТА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ, ПОСТАВЕНИ СЕ ТЕМЕЛИТЕ НА НОВА ЕКОНОМСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДРЖАВАТА, СЕ ИНВЕСТИРА ВО СЕКОЈА ОБЛАСТ, СЕ РЕКОНСТРУИРААТ НОВИ ПАТНИ ПРАВЦИ И ИНВЕСТИРА ВО ОПШТИНИТЕ

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните, раст на платите и пензиите, отварање на нови работни места, привлекување на странски  инвестиции и инвестиции во општините.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија почнува да се трансформира, преку соодветни мерки најпрво се запре слободниот пад во економијата, економијата се стабилизира, а инфлацијата и трошоците за живот се намалија.

ВМРО-ДПМНЕ ги постави темелите за нова економска трансформација на државата и инвестира во општините.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи и ги реализира ветувањата пред граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развојот на општините насекаде во државата, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес, а со новиот повик којшто ќе биде објавен преку Министерството за локална самоуправа отприлика нови 6 до 6.5 милиони евра ќе бидат проектите коишто ќе бидат финансирани во Велес.

 Се инвестира и во хидросистемите во земјата а по речиси тригодишен застој се пушти во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.

Само во првите 4 месеци има повеќе нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања.

ВМРО- ДПМНЕ со своите мерки, постигна намалување на трошоците за храна и пијалоци за 5%, односно околу 1000 денари месечно, додека на годишно ниво тоа резултира со заштеда до 18000 денари за едно домаќинство, истовремено обезбедувајќи раст на платите и пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите наставниците и професорите за 5 % уште во октомври годинава и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46 %  вкупно до 2028 година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи и на проекти кои имаат стратешко значење за државата како коридорите 8 и 10 д.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за цел Македонија да ја претвори во важна раскрсница во Европа и тоа енергетска, железничка и транспортна раскрсница.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ