ВМРО ДПМНЕ СЕКОЈ ДЕН ДОБИВА ДЕМАНТИ ЗА СВОИТЕ ЛАГИ – Се огласи американската ДЕА по акциите „Двојник“ и „Марихуана“: Ќе продолжиме со заедничката борба со МВР

0
239

Американската агенција за сузбивање на нарккотици (ДЕА) по акциите „Двојник“ и „Марихуана“ објави дека ќе продолжи со поддршката на Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога.

Изминатиот период ова административно тело на САД започна интензивно да соработува со македонската полиција, а тоа резултираше со заеднички акции на територијата во Македонија кои оставија силен впечаток во јавноста.

Од таму потврдуваат дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата. Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари.

Од ДЕА засега не сакаат да коментираат за текот на истрагата и осомничените лица вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Инаку ДЕА е служба во рамките на американското Министерство за правда.