Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : СДС ТОНЕ ПО РЕЈТИНГ НО СЕ ОБИДУВА ДА ГО СПАСИ И ЗАШТИТИ ГРУБИ, СДС МИСЛИ ДЕКА ЌЕ ИЗБЕГА ОД ПРАВДАТА, НО НЕМА ДА НАЈДЕ ЗАСОЛНИШТЕ

СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите.

СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници.

Падот на рејтингот на СДС е директен резултат на молкот и распространеторста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДС грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата.

Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САДнајпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи.

Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети а негови соучесници и асистенти се СДС.

Центарот на политичкиот криминал на СДС се Заев, Ковачевски, Филипче Спасовски.

Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше.

СДС ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот.

СДС делуваше во координација на ДУИ а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата.

СДС дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашуваше.

Артан Груби, СДС и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема.

Одговрност мора да има. Место за криминалци во политиката нема.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ СО АМБАСАДОРОТ НА АЗЕРБЕЈЏАН, КАМИЛ КАСИЈЕВ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со нерезидентниот...

ПАДНА ПОКРИВОТ НА ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР

Завчера во Прилеп била избегната трагедија, кога се срушил...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ