Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : СДС СО СВОЈОТ КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР ДУИ ГО ПРИСВОИЈА СУДСТВОТО КАКО ДА Е НИВНО

СДС со својот коалиционен партнер ДУИ го присвоија судството како да е нивно.

СДС и ДУИ ги избираа судиите, кои палеа и гасеа во судството и не испорачаа правда.

Судиите кои ги избраа криминалната коалиција на СДС и ДУИ, се докажаа како некадарни. Иџет Мемети призна дека земал поткуп, Наќе Ѓорѓиев исто призна дека земал поткуп, а сега и судијата Енвер Беџети е ставен на црна листа на САД поради поврзаност со корупција заедно со вицепремиерот на минатата власт на СДС и ДУИ, Артан Груби.

Само во судството на криминалната коалиција на СДС и ДУИ, нема правда за Дурмо Турс, за модуларната болница, за онкологија.

СДС и ДУИ, треба да прифатат дека треба да понесат одговорност за нивните криминали и да прифатат дека народот повеќе не ги сака, односно рејтинзите им се рамни на статистичка грешка.

СДС и ДУИ го уништија системот и ја урнисаа довербата во институциите. Затоа довербата е помала и од 2% во судството во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ работи на борбата против корупцијата и криминалот. Сите кои згрешиле пред законот мора да одговараат.

ВМРО-ДПМНЕ  ја враќа надежта и довербата во правдата и судството.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ