Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС СЕ ПОСЛЕДНИТЕ ШТО МОЖАТ ДА ЗБОРУВААТ ЗА ГРИЖА КОН КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО – ХАОСОТ ШТО ГО ОСТАВИЈА ЗБОРУВА САМ ЗА СЕБЕ

РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА СДС

СДС се последните што можат да зборуваат за грижа кон културното наследство – хаосот што го оставија зборува сам за себе

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на денешното соопштение на СДС со кое се бара оставка од министерот за култура и туризам Зоран Љутков, со што уште еднаш го покажуваат политичкиот очај и загубената доверба кај граѓаните.

СДС нема ниту морално, ниту политичко право да зборува за културата и културното наследство – бидејќи токму тие ја оставија културата во целосен распад. Без стратегија, без визија, без интерес, со доделени минимални средства за проекти за заштита на културното наследство.

Тоа што ние го затекнавме не е само хаос – туку системски распад, каде културното наследство беше оставено на милост и немилост на времето.

Бараат оставка од министерот Љутков? Зошто? Затоа што за првпат после години се отвораат реални прашања за системска реформа во културата? Затоа што зборува за модели кои се користат во цел свет – за заштита, реставрација и промоција на културни добра?

Ставањето на културното наследство во контекст на туризмот преку јавно приватно партнерство, отворање на сувенирниците кои токму тие ги затворија, кафетерии и други пропратни содржини не е продажба на истото туку негова промоција.

СДС се последните што смеат да зборуваат за култура бидејќи токму нивната неспособност, негрижа и отсуство на стратегија и посветеност во изминатите години го доведе овој сектор до работ на пропаст. И да, културното наследство не е трговска роба – ама за СДС токму тоа и беше!

Што се однесува пак до платите – веќе се преземени конкретни чекори за исплата на мартовската плата.

Проблемите се резултат токму на нефункционалниот систем што го остави СДС – но тоа, очигледно, удобно го заборавате особено кога ви треба политички спин.

Ете тоа покажува што навистина значеше културата за вас – ништо! Тие што денес зборуваат за „распродажба“, се истите што дозволија објекти од непроценливо културно значење да пропаѓаат додека се занимаваа со партиски тендери и лични привилегии.

СДС треба да знае дека културата не е за политички калкулации и дневна реторика.

Владата ќе продолжи да работи со чесност, транспарентност и со отворен дијалог со сите културни работници.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ