Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС РАСПОЛАГААТ САМО СО КОРУМПИРАНИ КАДРИ, КОСТАДИН АЦЕВСКИ Е ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ И СИНОНИМ ЗА СКАНДАЛИ И СЕМЕЈНИ ИНЦИДЕНТИ

Корумпираните кадри кои СДС ги има се очигледни, изборот на Костадин Ацевски за кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров е апсолутно политичко разочарување, кандидат кој е поврзан со контроверзии и сомнителни активности.

СДС покажа дека располага само со несоодветни кандидати кои се олицетворение на урбанистичката мафија која поддржува агресивна бетонизација, на семејното насилство и на преоптоварување на државниот буџет.

Јавноста е запознаена дека Ацевски беше дел од составот кој гласаше за промена на уставното име на Република Македонија и човек кој додека беше директор на Македонија пат потпиша договори за транспорт на битумен по цена многу повисока од реалната.

Кандидатот од СДС, Ацевски е човек кој е синоним за скандали и семејни инциденти кои воедно го нарушуваат неговиот личен, институционален и политички интегритет, тој е само продолжена рака на Зоран Заев и Венко Филипче.

Евидентно е дека кадрите на СДС се криминални и корумпирани, обременети со скандали и претставуваат приказ на хаосот во СДС.

Сите факти укажуваат дека ваков профил на човек за кандидат за градоначалник е несоодветен и не може да ги добие гласовите од граѓаните.

Жителите на Ѓорче Петров заслужуваат градоначалник кој ќе го гледа градот како свој дом, кој ќе работи чесно, одговорно и транспарентно, а не градоначалник кој врши злоупотреба на позицијата за свои цели.

СДС е нереформирана партија, партија која е заглавена во минатото, а граѓаните избираат промени и напредок на општината со развој и конкретни проекти!

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ