Friday, January 17, 2025
0.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : СДС НАМЕСТО СЕКОЈ ДЕН ДА ПРАВИ АМАТЕРСКИ СЦЕНАРИЈА И ПРИКАЗНИ ЗА ГРУБИ ДА ГО ПОВИКААТ ДА СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА

СДС да и соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите факти и докази се уште жестоко го бранат Груби.

Врската помеѓу СДС и Груби не е ништо повеќе од класична шема на системски криминал во кој СДС и ДУИ ги искористиле државните институции и ги претвориле во механизам за заштита на соптвените криминали.

И Дуи и СДС и сите знаат дека Лотарија била перална на пари, а Груби правел милионски криминал но молчеле за да не падне владата, молчеле за да опстане коалицијата и да продолжат со криминалот, корупцијата и тендерите во четири очи.

СДС наместо како аматерски сценаристи секојдневно да смислуваат сценарија и приказни за Груби во кој не веруваат ниту малите деца да го повикаат на одговорност. 

Зоран Заев, Венко Филипче, и Димитар Ковачевски знаеле за криминалот на Груби но го толерирале и не го гонеле, за да купат ден повеќеи да продолжат со криминалот на штета на граѓаните.

После 7 години, позади плаштот на реториката која ја проектираа СДС-ДУИ како „гарант за реформи, прогрес и институционална правичност“ на површина излезе грубата вистина за СДС како свесни соучесници со ДУИ во најбруталниот грабеж на Македонија.

Институционалниот хаос кој произлезе од СДС-ДУИ ја доведе Македонија до крајна точка на економска, правна и морална деградација.

СДС поради политички конформизам не само што го амнестирале Груби туку и овозможиле континуитет на грабежот.

СДС и ДУИ се  партнери во криминалот. 

Груби како десна рака на Ахмети и втор човек во владата на СДС-ДУИ е симбол на аморален субјект толериран од СДС заради личен профит.

Бегството на Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија.

Одговорност за целосниот колапс на системот мора да има.

Време е за одговорност, работа и посветеност.

Време е да се врати интегритетот на институциите, да се унапреди демократијата и завладее правото и правдата.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ