Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС МОЛЧИ ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ, ДАЛИ ТОА ЗНАЛИ ДЕКА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОДОБРУВА ШМРКАЊЕ НА КОКАИН?

Директорот на Центарот за анализи на СДС, Јон Фрчкоски не беше единствениот кој беше фатен во нарко афера.

Ќе потсетиме дека втората нарко афера во оваа партија беше на водачот на Шарената револуција и нивен пратеник, Павле Богоевски. Тоа беше афера каде на снимка чија автентичност Богоевски ја потврди, се гледаше како нарачува психотропна наркотична супстанца.

Од друга страна Јон Фрчкоски порано и помошник директор во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор се гледа како шмрка кокаин на работно место.

Ете тој ист човек, инаку син на таткото на транзицијата, Љубомир Фрчкоски, сега дели пораки за правда од партиската говорница на СДС.

Значи има најмалку две лица СДС. Едно кога држи лекции за морал и правда, и друго кога зад затворени врати шмркаат кокаин, прават криминал и разврат.

Не е доволно Јон Фрчкоски да си поднесе оставка од измислена партиска функција.

Системот треба да функционира и надлежните органи да го повикаат на распит. Во спротивно од кога тоа шмркање на кокаин може да се прости со изјава дека е „слабост од минатото“ како што ја опиша Фрчкоски во јавното признание.

Од друга страна, тој силата ја доби од СДС, и партијата не може едноставно да молчи.

Зошто СДС не се огради од Јон Фрчкоски?

Дали Венко Филипче одобрува шмркање на кокаин?

Дали СДС ќе се извини и ќе побара во овој случај институциите да постапат согласно закон?

Со почит,

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ