Thursday, February 13, 2025
5.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС И ГРИЖА ЗА СПОРТОТ? ДОДЕКА ЕДНИ ДОБИВАА СЕ, ДРУГИ НИШТО, ДА НЕ ГО ЗАБОРАВИМЕ СЛУЧАЈОТ СО СПОРТСКИТЕ ВАУЧЕРИ НА КАЕВСКИ И МОЈСОВСКИ КОИ ПАРИ ЗАВРШИЈА ВО ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ А КЛУБОВИТЕ ГИ ПОТОНАА ВО ФИКТИВНИ ПРОЕКТИТЕ!

СООПШТЕНИЕ, Реакција на СДС

Тоа е како да зборуваме за зимата и пустината – едно со друго е во тотална спротивност.

Дека СДС биле на страната на спортот, знаеме само од бајките што самите си ги раскажуваат. Реалноста е сосема поинаква – спортот беше оставен во руини токму од СДС, а сега сакаат да глумат спасители.

Прво, ги прашуваме:

Каде беше вашата грижа за спортот кога се фрлаа пари на фиктивни проекти додека клубовите тонеа?

Дали заборавивте дека под ваша власт спортот стана приватна партиска прчварница, каде вашите „миленичиња“ добиваа милиони, а клубовите со вистински успех едвај преживуваа?

Вашиот систем на ваучери беше скандалозен – едни добиваа се’, други – ништо. Токму затоа се воведува нов, поправеден систем, каде што се вреднуваат вистинските заслуги и потенцијал, а не партиската книшка.

Не заборавајте го случајот со Каевски и Наумче Мојсовски, кога парите за ваучерите завршуваа во приватни џебови, наместо во развој на спортот. Ете таква беше вашата „грижа“ за спортот.

СДС повторно користи спортот за евтин политички театар. Но, бројките се јасни:

– Под ВМРО-ДПМНЕ, спортот се враќа на вистинските патеки.

– Исплатите се транспарентни и базирани на заслуги, а не на „Партиско тефтерче на Заев.“

И за крај, министерот Ристовски нема да поднесе оставка. Но, ако некому му е потребна оставка, тоа е на СДС – за целата штета што му ја нанесовте на спортот и на Македонија.

Спортот нема да биде ваш политички заложник.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради силен спортски систем – без корупција, без манипулации, без СДС!

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ