Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ДА СЕ ОГРАДИ ОД ТЕШКАТА НАВРЕДА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ИЗЈАВЕНА ОД ИДЕОЛОГОТ НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ, ФРЧКОСКИ

Нема друга партија во светот која го навредува својот народ како СДС.

Денес е втор ден молк од партијата на Заев за тешките навреди кон Македонците од Љубомир Фрчкоски, кој е неформален идеолог на Венко Филипче.

Љубомир Фрчкоски  брутално го навреди македонскиот народ јавно во етер кој кажа “Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, Македонци кои ништо не направиле за својата држава”.

Ова го зборува човек кој долги години ја обликува СДС одвнатре и е идеолог на партијата.

Фрчкоски е инаку професор, поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, и архитект на матрицата на СДС.

Фрчкоски ги навреди луѓето што го плаќале неговиот професорски хонорар, неговите службени патувања, неговите кампањи.

Фрчкоски покажа дека и тој, и СДС се отуѓена елита, која не го разбира народот туку се потсмева со него.

Народот не е пијан, ниту мрзлив како што кажува Фрчкоски. Народот е чесен. И народот нема да заборави вакви навреди.

Изјавата на Фрчкоски е јавно сведоштво за тоа каква партија е СДС, што со години се однесуваше како да и припаѓа државата, а не да и служи.

А Филипче ,,како до сега“, повторно молчи. Не се оградува од Фрчкоски.

Ова не е неутралност. Ова се јасни ставови на СДС, а тоа што Филипче не се оградува од ваква понижувачка изјава  значи само дека се согласува и одобрува.

Народот гледа, народот слуша, и народот знае. СДС не мора ништо да каже, кажа се со своето молчење.

СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства.

Во СДС ништо ново. И по Заев, Заев.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ