Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : СДС ГО ПОКАЧИ ДДВ ЗА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И УБЕДУВАШЕ ДЕКА ЧИПСОТ Е НЕЗДРАВ И ЛУКСУЗЕН ПРОДУКТ, А СО НОВОГИШНАТА КОШНИЧКА ЗА ПРВ ПАТ СЕ ОПФАТЕНИ 1000 ПРОИЗВОДИ

Ново назначените кадри на високи позиции во СДС, од третиот и четвртиот ешалон на владеење на Зоран Заев, како да заборавија дека до пред шест месеци беа власт.

Амнезијата, очигледно, е најдобрата мерка која што можат да користат, но за тоа ние чувствуваме обврска да ги потсетиме. Лошата економска состојба во државата и стандардот на граѓаните е токму последица на седум годишното владеење на СДС.

За време на раководењето со државата од страна на СДС и нивниот ментор Заев, се носеа адхок решенија од денес за утре, кои економијата и стандардот на граѓаните го донесоа до ова дереџе.

СДС го покачи ДДВ-то за прехранбените производи и ја убедуваше македонската јавност дека чипсот е нездрав и луксузен прехранбен продукт.

За време на нивното владеење доведоа над 500 илјади македонски граѓани на раб на сиромаштија кои денот го поминуваа со 150 денари, пензионери кои протестираа пред влада со празни тегли затоа што пензиите кои што им ги даваше владата на СДС не им стигаа дури ниту за зимница да си направат.

Инфлацијата во време на владеење на СДС беше двоцифрена, а економијата ја уништија на сметка на фирми блиски до нов кои заработија милиони.

За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за раздвижување на економијата, странски директни инвестиции, покачување на плати и пензии, и за заштита на стандардот на граѓаните.

Со новогодишната кошничка за прв пат се опфатени околу 1000 производи, кои ќе обезбедат пониски цени на прехранбените производи. Со ефикасните економски мерки преземени од владата реално се намалуваат цените на основните прехранбени производи и заедно со покачените плати и пензии, директно со тоа се штити стандардот на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ