Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ВО КАДРОВСКА КРИЗА, НИКОЈ НЕ ИМ СЕ НАФАЌА ЗА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ПА ОДАТ СО ИМИЊА КОИ ВЕЌЕ ЕДНАШ ЗАГУБИЈА НА ИЗБОРИ

СДС е во голема кадровска криза. Никој не им се нафаќа да изгуби, па на локалните избори одат со кадри кои веќе еднаш загубија на избори.

СДС со тоа ги потценува гласачите.

Таков е примерот со Општината Јегуновце каде веќе еднаш има пораз на изборите, Дарко Блажевски, и сега повторно го кандидираат за избори.

Филипче неуспешно ги рециклира кадрите на Заев.

Очигледно е дека според ова пораката која што СДС ја испраќа воопшто не им е грижа за граѓаните, туку Филипче само го исполнува интересот на Заев.

Веќе еднаш поразениот градоначалник, Дарко Блажевски, не само што не направи ништо за општината туку културниот дом во Јегуновце кој го ветуваше од 50 илјади евра, на крај преку приватизација го презеде во своја сопственост.

Човекот си откупи културен дом додека управува со општината.

Тој е единствениот човек кој има затворено Јавно претпријатие, и токму тој е номиниран од страна на СДС.

Истиот Блажевски, вети канализација во населеното мето Јанчиште, вети вода за жителите во Жилче, и ништо не реализира, за да овие проекти ги исполни градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ кој го наследи неговото управување со општината.

Вакви се кандидатите на СДС.

Ниту имаат нови кандидати, ниту се реформирани, а веќе и немаат други на кои би можеле да сметаат, бидејќи народот јасно покажа дека сака вистински промени, кои СДС не може да ги понуди.

 Народот веќе не е на нивна страна и не дозволува да биде изманипулиран.

СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства,

Во СДС ништо ново, и по Заев, Заев.

ОВАА НЕДЕЛА

СПАСОВСКИ: СДСМ БАРА ВОНРЕДНА КООРДИНАТИВНА СЕДНИЦА ВО СОБРАНИЕТО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ

Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски,...

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од...

МИЦКОСКИ: ОВА Е НАШИОТ КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ, СВЕТОТ ГО ВИДЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА БУГАРИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција,...

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НОВО ПРЕДАВСТВО И ЌЕ ГИ БРАНАМ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се...

НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА ТВ АЛСАТ КАЈ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Екипата на ТВ Алсат била нападната во близина на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ