ВМРО-ДПМНЕ пред ЕРУПЦИЈА – Актуелни и поранешни функционери формирале Републички штаб за промени, ќе се бара одговорност и оставка од Никола Груевски!

0
3192

Внатрешни извори во ВМРО ДПМНЕ потврдуваат дека во петокот (12.05.2017 година) била донесена одлука за активирање на Републичкиот штаб за промени во ВМРО ДПМНЕ!

Како што не брифираат изворите, на состанокот присуствувале истакнати членови на партијата, долгогодишни активисти на републичко и локално ниво, актуелни и поранешни партиски функционери, но и носители на активности на Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ.

На состанокот било заклучено дека промената на лидерот Никола Груевски ќе овозможи брзо враќање на партијата на власт, но и добивање на нов имиџ пред меѓународната и домашната јавност.

„Целта ќе се постигнела со внатрешни сопствени сили во ВМРО ДПМНЕ, без мешање на било какви фактори надвор од партијата“, вели нашиот извор.

Засега не се обелоденуваат имињата на членовите на штабот, но нашиот извор најавува дека во наредните денови може да се очекува и прво нивно појавување во јавноста.

Медиумите во неколку наврати објавија дека ситуацијата во ДПМЕН е пред експлозија, посебно по „крвавиот четврток“, кога на седница на Централниот комитет на партијата била побарана лична одоговорност од Груевски.

Во јавноста кружи информација дека Антонио Милошоски се спрема да го наследи Груевски на лидерското место и на големо лобира кај делегати на Конгресот на ДПМНЕ. На лидерската позиција атакува и Никола Тодоров, кој наводно ја имал поддршката на Груевски. Како други претенденти се споменуваат и Влатко Ѓорчев и Никола Попоски. Нашиот извор не сака да открие дали некој од претендентите е член на новоформираниот Републички штаб за промени.