ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на развој и економски раст што резултира со подобар животен стандард на граѓаните.
Во предлог буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ предвидени се рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции.
Во оваа сума колку за илустрација вклучени се проекти како патната инфраструктура за коридорите 8 и 10д, потоа експресни патишта, железници, изградба на објекти.
Во работата на овие капитални инвестиции ќе бидат вклучени сите надлежни министерства.
Дека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на средствата за Министерството за транспорт за речиси 70 проценти или околу 7 милијарди денари повеќе. Потоа најголем дел од предвидените расходи се за капиталните проекти.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ со буџетот за 2025 планира инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти.
ВМРО-ДПМНЕ работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонија и подобар животен стандард на граѓаните.