Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : ПОКРАЈ ДУИ, КРЕАТОР НА ГРУБИ Е И СДС, КОИ МУ ДОЗВОЛИЈА ДА ЈА ПЉАЧКА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ОСТАНАТ ПОДОЛГО НА ВЛАСТ

Креатор на Артан Груби, покрај ДУИ, е и СДС. Тие, заедно со ДУИ, го создадоа Артан Груби. Му дозволија и го толерираа во се она што тој правеше.
СДС го толерираше Груби и кога ги потценуваше и навредуваше граѓаните и кога ги понижуваше и деградираше институциите кога, нон шалантно, по канцеларии играше фудбал или кошарка.
СДС го толерираше и му дозволи на Груби да ја ограбува држава, почнувајќи од Лотарија па се до министерството кое тој го водеше.
Иако знаеја што прави Груби, СДС свесно му го дозволи тоа. СДС тоа, единствено, го правеа поради желбата да останат што подолго на власт. За криминалот на Груби виновни се и СДС.
Во време на власт на СДС, Груби слободно и без никаков проблем си крадеше и ја ограбуваше државата, а за тоа не само што немаше кривичен прогон или пак постапка, немаше дури ни усна опомена или пак дистанцирање.
СДС и сега во опозиција молчи за Груби и не се дистанцира од него. Не го повикува да се врати во државата за да се соочи со правдата.
СДС и Венко Филипче ако се барем малку доблесни треба да признаат пред македонската јавност дека тие го создадоа Груби и за тоа јавно да се извинат. А, истовремено да ги повикаат на одговорност и претходниците на Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.
Затоа што, да не беше нивната желба за подолго останување на власт, Артан Груби немаше да и се случи на Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ