ВМРО-ДПМНЕ : ОСВОИВМЕ ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД СДС, ИМААТ НАЈМАЛ БРОЈ ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО И ГО ИМААТ НАЈСЛАБИОТ РЕЗУЛТАТ ВО ИСТОРИЈАТА

0
139

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ.

СДС има најголем пораз во историјата. Разликата во гласови е 1:3, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, како што велат, има најмал број пратеници во Собранието од кога постои.

„Лошите политики го бетонираа СДС на дното.

Следува време на одговорно работење. Забрзан економски раст, борба против корупцијата и европска интеграција.

Потребни се коренити и брзи промени. Народот повторно ќе ја чувствува Македонија како своја“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.