ВМРО-ДПМНЕ : ОДГОВОРНОСТ ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ И СУДИЈАТА КОЈ ДОЗВОЛИ БЕГСТВО НА РАМАДАНИ, ТОА СЕ ИСТИТЕ ЛУЃЕ ОД МАФИЈАШКИОТ КАРТЕЛ СДС – ДУИ

0
71

Потребна е одговорност и разрешување на судијата кој дозволи бегство и го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани. 

Потребна е одговорност и на Судскиот совет кој дозволи да помине несанкционирано ова дивеење на судиите од криминалниот картел СДС-ДУИ. Тоа се истите луѓе кои го штитат криминалот на картелот кој го внесе на тие позиции.

 Сега е и јаснозошто СДС не се огради од криминалот на струмичкиот судија Наќе Георгиев, кој од обичен судија стана Врховен судија и призна вина за барање на мито?

 Зошто ДУИ не се огради од криминалот на Иџет Мемети член на Судскиот совет кој призна вина за барање на мито?

 Сега е и јасно зошто ДУИ и СДС се против распуштањето на Судскиот совет.