ВМРО-ДПМНЕ : ОДБИВАЊЕТО НА СДС НА ИДЕЈАТА ЗА ДРЖАВНО И НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО Е ОТСУСТВО НА РАЗУМ И Е ТИПИЧНО ЗА КОНФУЗНИ ЛУЃЕ УПЛАШЕНИ ОД СОПСТВЕНОТО МИНАТО

0
74

Одбивањето на СДС на идејата за државно и национално единство, освен што преставува отсуство на разум е типична за конфузни луѓе уплашени од сопственото минато. Луѓе кои едно зборуваат, друго прават. Кои немаат мака да ги изневерат очекувањата на блиските, и кои си поигруваат со судбината на другите.

Луѓе кои се плашат од тоа сто го правеле против народот и државата. Жалиме за ваквата реакција, но таа нема да не поколеба во намерите да воспоставуваме заедништво базирано на принципи кое нашите граѓани го очекуваат од нас.

Преку глава им е на граѓаните од инфлантниот однос на политичарите кои си ги гледаат само личните интереси, и од сите очекуваат зрелост и одговорен пристап затоа сто реалноста која ја наследивме од минатата гарнитура е катастрофална, институциите се разурнати, дивеат банди, системот за вредности веќе не постои, државата беше екстремно задолжена и пред банкрот.

Потребно е обединување на сите општествени чинители, на сите кои сакаат да го вложат својот потенцијал во развојот на државата. Македонија мора да победи, и тоа ќе се случи преку обединување без разлика на верска, етничка или партиска припадност.