Wednesday, June 18, 2025
24.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: НЕМА ДНО КОЕ СДС НЕ МОЖЕ ДА ГО ПРОБИЕ, НААМЕСТО ОДГОВОР НА ПОРАКИТЕ МИЦКОСКИ И НА ПОЛИТИКИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, СЕ ОДЛУЧИ ЗА НЕКРОФИЛСТВО

Нема дно коешто СДС не може да го пробие, дури и во некрофилството.

СДС наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДС се фати за бакљите. Иако и сама наведува дека според законот, членот 31 којшто сами го наведуваат, забраната за употреба се однесува за во затворени простории, а собирот беше на отворено.

Уште повеќе, СДС во шпекулациите се обидува да сокрие и дека бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од трета категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продава на физички лица, коишто не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба, односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории.

СДС намерно го изоставува фактот дека притоа ВМРО-ДПМНЕ ги испочитува сите параметри и предвидени законски норми за одржување на собири. Пред одржувањето на настанот, беа известени МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, коишто беа присутни за време на одржувањето на настанот,

СДС наместо одговор на пораките од Христијан Мицкоски и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи за некрофилство, без воопшто да покаже чувства кон жртвите и семејствата во Кочани, туку напротив, ја злоупотребува нивната болка.

СДС наместо политика повторно се качува на бранот злоупотреби до сега видени во „вистината за Смилковско“ или „вистината за Тамара“, каде бесчуствителноста на СДС сметавме дека е врвот.

СДС нема дно на бесчуствителноста коешто не може да го пробие во борба за личен опстанок. Затоа и не им пречеше користењето на пиротехника на прославата на навивачките групи кои победите на своите тимови оваа недела ги прослави на ист начин, со пиротехника од трета категорија.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ