ВМРО-ДПМНЕ : НАМЕСТО ДА МУДРУВА, КУЗЕСКА НЕКА ИМ КАЖЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СДС ДА ПОДДРЖАТ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПАСОШИТЕ ПРЕДЛОГ НА ВМРО-ДПМНЕ

0
230

Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ .

Пратеникот Бране Петрушевски има дипломатски пасош со името Република Македонија, и тој ја помина границата без проблем.

Факт е дека пратениците со пасоши со Република Македонија може да патуваат и тоа СДС го знае, заради нив само народот е заглавен, но не и функционерите на власта.

СДС и ДУИ имаат шанса да ја запрат агонијата на над милион граѓани и да го поддржат законот за продолжување на важноста на пасошите во собранието, што е веќе во процедура како предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се виновни за хаосот во државата. Првин 2 и пол години издавале пасоши кои знаеле дека нема да важат заради договорот кој го потпишаа токму тие, а потоа и поради немањето на обрасци, затоа што ја оставија државата без обрасци на неколку месеци пред избори.

Со право народот вели дека немаме држава, и дека треба да ја вратиме.