Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ МУ ВРАТИ НА БИТИЌИ: СДС НЕМА ОБРАЗ – ТОКМУ ТИЕ ШТО ЈА УНИШТИЈА ЕКОНОМИЈАТА, ДЕНЕС ЗБОРУВААТ ЗА ЦЕНИ

РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА СДС
 

Кога СДС зборува за поскапувања, тоа е како пироман да ви држи лекција за гаснење на пожари.

Партијата која ја донесе Македонија до работ на економски колапс сега глуми загриженост за животниот стандард. Ќе беше трагично, ако не беше толку лицемерно.

СДС и ДУИ четири години живееја на грбот на граѓаните. Нема производ што не го поскапеа, нема данок што не го покачија, нема сиромашен што не го направија уште посиромашен.

Додека народот пресметуваше дали да купи леб или лекови, нивните функционери со луѓе блиски до Заев и Филипче шетаа по Малдиви, плаќаа луксузни авиокарти и купуваа маички XXL од државна сметка.

Конкретни мерки: од популизам и кражба на СДС и ДУИ кон стабилизација и раст.

За разлика од СДС, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш започна со решителни и конкретни мерки:

  • Контрола на цените и маржите: Ограничени се трговските маржи и замрзнати цените на клучни прехранбени производи – нешто што СДС никогаш не го направи, бидејќи повеќе ги интересираа профитите на нивните картели отколку чинијата на граѓанинот.
  • Зголемување на пензиите: За само 9 месеци пензиите се зголемени за 5.000 денари – без фискални трикови, без лажни ветувања. Старите луѓе конечно добиваат почит, а не потсмев.
  • Поддршка за ранливите категории: Воведени се нови пакети помош за најзагрозените, со реални средства и без популистички фанфари.

Економијата почна да дише.

– Раст на БДП: Економскиот раст во последниот квартал достигна 3.2%. За споредба – за време на СДС, „растот“ им беше само во криминалните тендери.

– Инфлацијата под контрола: Од двоцифрена инфлација за која СДСМ се криеше зад „геополитиката“, до 2.2% инфлација денес – со макотрпна работа и јасна визија.

СДС нема право да зборува.

СДС не е опозиција – тие се траумата на граѓаните. Тие не нудат алтернатива – тие потсетуваат на времето кога државата беше претворена во банкомат за партиски играчи. Нивните критики денес се обид за рехабилитација на сопствената политичка мизерија. Неуспешен обид.

Македонија конечно тргна напред. Нема враќање назад. И колку и да врескаат, колку и да се обидуваат да шират паника – граѓаните знаат: денес има влада што работи, а не краде.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ